Американски научници: Коронавирусот е болест на крвните садови, а не респираторна инфекција
Членовите на студискиот тим од американскиот универзитет во Сан Диего тврдат дека имаат доказ дека Ковид-19 не е респираторна туку васкуларна болест, пренесува „Еуроњуз“.
Ова, наводно, може да го објасни згрутчувањето на крвта кај некои ковид-пациенти и симптомите како што се ковид-стапала, кои не се класичен симптом на респираторна болест.
Студијата објавена во списанието „Сиркулејшн рисрч“ објаснува прецизно како вирусот ги оштетува клетките на васкуларниот систем.
Веќе е познато дека покрај различните симптоми, меѓу кои и респираторните, постојат и кардиоваскуларни проблеми кои влијаат на организмот.
Тимот кој работеше на студијата покажа како вирусот го напаѓа васкуларниот систем или крвотокот.
Протеинот С во вирусот го напаѓа рецепторот АЦЕ2, оштетувајќи ги митохондриите кои ги снабдуваат клетките со енергија и со тоа ги оштетуваат ендотелата кои ги обложаваат крвните садови.
Научниците го забележаа ова и претходно, но точниот механизам и улогата на С-протеинот досега не беа познати.
Потоа, тие создадоа псевдовирус за потребите на студијата, кој имаше само С-протеин, но е и остаток од вирусот, за да покажат во лабораториски услови дека протеинот е доволен за да се предизвика болест.
Ефектите врз респираторниот систем се последица на воспаление на васкуларното ткиво во белите дробови.
Макфакс
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа