Американски фотограф: Хари и Меган не баш паметни

Меган Маркл и принцот Хари не се баш паметни. Се преселија во Калифорнија и очекуваат дека ќе се почитува нивната приватност, тврди ветеранот на фотографијата Марк Карлоф, кој со децении фотографира славни во Лос Анџелес.

Тие се преселенија во нов дом во Санта Барбара откако ја напуштија вилата во Лос Анџелес зашто таму немаа приватност. Нивниот портпарил тврди дека нашле приватност во нова заедница по селидбата. Први соседи им се Елен Деџенерес и Опра Винфри, на кои приватноста исто така им е важна.

Карлоф тврди дека Меган и Hари биле наивни кога помислиле оти во Лос Анџелес ќе ги избегнат објективите на папараците. Додаде дека тие знаат за нивната нова виа и оти ќе чекаат парот да излезе со својот син Арчи.

-Ќе им биде исто, фотографите од целиот град ќе ги чекаат. Особено зашто таму чекаат и други познати, не само нив. Елен е главната вест во моментот. Опра е таму цело време, како и некои други славни личности. Кети Пери и Орландо Блум на пример, изјави фотографот за Дејли Стар.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.08.2020 - 18:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега