Американска компанија почнува да тестира вакцина врз луѓе

Американската фармацевтска компанија Модерна Инц соопшти дека од 27 јули или околу тој датум ќе почне со завршни клинички испитувања за вакцина против ковид-19.

Се работи за третата, клучна фаза од испитување врз луѓето на вакцината mRNA-1273.

Клиничкото испитување го води Националниот институт за здравство (НИХ), а американската влада во тој проект на Модерна вложи близу половина милијарди долари.

Завршните клинички испитувања ќе се спроведат на 97 локации, сите во САД. Ќе бидат вклучени околу 30.000 возрасни лица кои имаат големи изгледи да се заразат од коронавирус. Во текот на испитувањата ќе се спореди бројот на новозаразени лица кои ја примиле новата вакцина и оние кои добиле плацебо.

Експерименталната вакцина ќе биде тестирана во 30 сојузни дражави и во Вашингтон. Половина се држави кои се тешко погодени од епидемијата, како Тексас, Калифорнија, Флорида, Џорџија, Аризона, Северна и Јужна Каролина.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.07.2020 - 22:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа