Американка после неколку години живење во Хрватска: „Заминувам, овде ми е убиена волјата за живот“

Американка која веќе неколку години живее во Хрватска, а повеќе од една година за тоа известува на својот Јутјуб канал „This Croatian Life", објавила дека се враќа во САД.

Кејли Хендершот во своите снимки говореше за разликите меѓу Американците и Хрватите,споредувала слатки, давала завети за живот во Хрватска, а сега открила дека се враќа во САД затоа што Хрватска ѝ ја убила волјата за живот.

За почеток Кејти ќе живее кај нејзиниот татко во Сиетл, а потоа ќе живее со пријателка Нејзиниот сопруг Доминик ќе остане да живее во Хрватска додека не ги реши документите, што може да трае и една година. Рекла дека тоа го планирала со месеци и дека резервирала карта.

Возбудена е што се враќа дома.

„Не живееме живот овде, имаме 27 години, не патуваме, не штедиме, што всушност правиме?“, вели таа. Својата врска со Хрватска ја опишала како љубовна врска.

„Првата година е прекрасна, се е убаво и ново, се прифаќате...а потоа во недели, а можеби и денови нешто се случува и таа врска само се прекинува...почнувате да го мразите партнерот. Точна така се случи со мене и мојата Хрватска“, рекла Кејли и додала како се чувствува дека изгубила контрола над својата судбина.

На крај додала дека и понатаму ја сака Хрватска и дека после неа никогаш нема да биде иста.

„Но секогаш кога не се чувствувам добро во некое окружување, се тргам од него“, рекла таа и додала дека чувствува дека по се изгледа е време за промена.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.10.2019 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега