Американец замина да се бори против Русите, па исчезна во Украина

Портпаролот на Стејт Департментот, Нед Прајс кажа дека САД истражува каде се наоѓа еден Американец, кој најверојатно исчезнал во Украина.

„Постојат извештаи за уште еден Американец чија локација е непозната. Не можам да дадам повеќже детали. Знаеме само дека заминал во Украина за да учествува во воените операции“, кажа Прајс.

Според неговите зборови, Американецот најверојатно исчезнал во претходните недели, но не е познато кога точно му се губи трагата.

Британски медиум претходно објави дека двајца американски војници веќе се заробени од Русите.

16.06.2022 - 23:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега