Американец кој престојувал во Кина не престана да кашла за време на интервју: Ми рекоа дека сум добро, ова е само нервоза (ВИДЕО)

Американец кој по престојот во Кина бил ставен во карантин, не престанал да кашла во текот на телевизиско интервју.

Френк Вуцински живее во Кина повеќе од 15 години, а тој и неговата сопруга, која е кинеска државјанка, живееле и работеле во Гуанжу. 

Така било се додека пред три месеци не се преселиле во Вухан за да се грижат за таткото на неговата сопруга, откако починала нејзината мајка. Таткото на крајот починал од коронавирусот.

Вуцински во гостувањето во Fox News рекол дека американските служби ги раздвоиле него и ќерката при доаѓањето во американската воена база Мирамар во Јужна Калифорнија.

"По неколку дена Анабел само се искашла пред персоналот. Ни предложија да одиме на лекар, а таму ни кажаа дека мора да се вратиме во изолација во детската болница", вели Вуцински.

Додал дека таквата ситуација траела три дена, а сите тестови на крајот биле негативни.

Меѓутоа, Вуцински во еден момент почнал да кашла. Рекол дека тоа е од нервоза.

"Ми рекоа дека сум добро. Два пати сум тестиран и резултатот два пати беше негативен. Оваа кашлица е веројатно само нервоза", рекол Вуцински.

"Вирусот е заразен, но стапката на смртност е прилично ниска. Сепак, го разбирам стравот", рекол тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.02.2020 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега