Американците наместо со сол, ќе ги одмрзнуваат патиштата со гроздова ракија

Грозјето има основна намена, производство на вино и овошен сок. Остатоците од производството, сепак, можат да послужат за поинаква намена.

Истражувачите од универзитетот Вашингтон направија нов одмрзнувач , откако властите на Алјаска решија да побараат замена за агресивната сол во третманот на заледените патишта. Верувале или не, САД годишно трошат над 5 милијарди долари на чистење патишта, истакнувајќи дека најголем дел од финансирањето оди на санација на штетите како резултат на работата на зимските служби. Повеќе од 27 милиони тони сол се слеваат на американските патишта секоја година, според ССУ.

Експертите од ССУ бараа низа соединенија од природата во потрага по поеколошко решение за животната средина. Претходно, беше можно да се третираат патиштата со мешавина од сол и сок од репка, а сега е заклучено дека течноста заснована на остатоците од грозје би можело да помогне во третман на патиштата. Студијата посочува дека течноста го топи мразот побрзо по ферментацијата од кое било решение прилагодливо кон животната средина што досега успеале да го пробаат. Нивната научна работа е објавена во новиот број на Американското здружение на градежни инженери.

И додека овој одмрзнувач се користи успешно во производството на вино и уште поуспешно за ракија, Американците ќе се обидат да ги третира патиштата во зима со слична подлога,но со доста адитиви. Решението се вели дека е значително помалку агресивно кон асфалтот, но и за околната почва. Исто така, првите студии потврдуваат слични резултати со други видови овошје, пишува Traffic Technology Today.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.01.2020 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега