Американците ќе збеснат: Иран им собори дрон (ФОТО)

 

Корпусот чувари на исламската револуција соопшти дека собориле американски шпионски дрон „Глобал Хоук“ на југот на Иран, пренесе телевизијата „Прес“.

Во соопштението се наведува дека инцидентот се случил во реонот Куха Мубарак, во провинцијата Хормозган, откако дронот влегол во воздушниот простор на Иран.

-Американското воено беспилотно летало е соборено во меѓународен воздушен простор  над Ормускиот мореуз, изјави неименуван американски претставник.

Тој истакнал дека е соборен дрон – беспилотно летало на американската морнарица од типот „. MQ-4 triton".

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.06.2019 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега