Амди Бајрам жртва на лажна вест: Жив и здрав сум, го умираа и Чак Норис

Денеска на Твитер кружеше информација дека починал Амди Бајрам, долгогодишен пратеник и лидер на политичка партија. За среќа, таа информација не е точна, па политичарот истата ја демантираше.

„Жив и здрав сум, си седам во штабот. Веста дека сум починал, која се прошири на социјалните мрежи, не знам кој ја иницирал прв, само зборува за него каква личност е “, изјавил Бајрам за „Фокус“.

Тој вели дека го умирале и Чак Норис, го умреле пред некој месец и градоначалникот на Чешиново – Облешево кога беше инфициран од корона вирус.

„Нека повелат, нека ме фотографираат додека го давам својот глас. Со оваа кампања или подлост, ме ставија на листата на вредните холивудски ѕвезди, кои редовно лажно ги умираат на социјалните мрежи, нормално бидејќи вредат. Не верував дека и ова ќе го доживеам, да појаснувам дека не сум умрел“, изјавил Амди Бајрам.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.07.2020 - 00:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа