Амбер Хард на суд: Се плашев за мојот живот, Деп постојано се закануваше дека ќе ме убие

Американската актерка Амбер Хард ги отфрли обвинувањата од поранешниот сопруг, актерот Џони Деп дека во време на нивниот брак имала љубовна афера со Елон Маск.

Таа пред судот изјави дека Деп ја нападнал најмалку 14 пати и ѝ се заканувал дека ќе ја убие.

Сведочеше дека ја удирал по раце, глава, нозе.. во љубоморните испади на бес и под влијание на алкохол и дрога.

Деп, кој го тужи магазинот „Сан“ ги отфрли овие наводи и побара отштета за клевета.

Хард, меѓутоа, тврди дека Деп ја обвинувал за афера со други актери и оти беснеел од љубомора.

На суд рече дека често комуницирала со Маск.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.07.2020 - 19:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега