Aмбасада на САД: Зголемен ризикот од терористички напади во Северна Македонија

По веста од МВР дека е спречен можен терористички напад во Македониј, со соопштение се огласи и Амбасадата на САД.

Од Американската амбасата информираат дека постои зголемен ризик од терористички напади од ИСИС во Северна Македонија. ИСИС има намера да ги напаѓаа граѓаните, вклучувајќи ги и американските граѓани кои патуваат во странство.

„Има зголемен ризик од терористички напади инспирирани (поттикнати) од екстремистичка идеологија во Северна Македонија. Терористички организации и поединци инспирирани од екстремистичка идеологија имаат намера да напаѓаат цивили, вклучувајќи и американски граѓани кои патуваат во странство. Терористите се повеќе користат помалку софистицирани методи, вклучувајќи пиштоли, возила и ладно оружје, чија цел е народ (поголеми групи луѓе) на јавни места. Терористички напади и други безбедносни инциденти често се случуваат без какво било предупредување, па американските граѓани се поттикнуват (охрабруваат) да одржат високо ниво на будност. Екстремистите се повеќе имаат за цел да одберат и нападнат „лесни цели" како што се шопинг молови и пазари, аеродроми, хотели, клубови и ресторани, училишта, паркови и места каде што се одржуваат јавни настани (спортски натпревари, политички собири, демонстрации, собири за празници, прослави и сл.)“, соопштуваат од Амбасадата на САД. 

Акции што треба да се преземат:

Дополнителна будност на локации што се сметаат за „лесни цели" и на локации со многу народ

Американските граѓани се охрабруваат да одржат високо ниво на будност (внимателност)

Да ги проверат личните безбедносни планови

Да внимаваат на околината

Да ги следат локалните медиуми за апдејт (обновување) на состојбата.

Американска амбасада во Северна Македонија
+ (389) 2-310-2000

SkopjeACSMailbox@state.gov
https://mk.usembassy.gov

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.02.2019 - 21:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега