Алтернативa: Засега не е разговарано кои позиции ќе ги имаме во идната влада

Од Алтернатива, за „Локално“ изјавиле дека засега не е разговарано за позициите кои треба да ги има Алтернатива во идната влада.

-Што се однесува до позициите кои треба да ги има Алтернатива во идната власт, до овој момент нема никакви понуди ниту пак барања од наша страна, ијзавил портпаролот на Алтернатива, Орхан Муртезани.

По вчерашната средба владината прес-служба соопшти дека тие постигнале „начелна согласност за програмскиот дел од можната идна соработка, изразена преку политичко и извршно учество на Алтернатива во Владата“.

-Започнаа разговорите за преземање и споделување одговорности во интерес на граѓаните и државата, пришто се разменија мислења околу можните кадровски решенија кои треба да ги преземат потенцијалните обврски и одговорности, односно за соодветните позиции, министри, заменици министри и други раководни лица во рамки на централната власт, стои во соопштението на владата.

30.11.2021 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега