АлтернАтивА: За криминалот во Клиниката за онкологија треба да има одговорност

 

„Како што е информирана јавноста, во Клиниката за Онкологија и Радиотерапија се одвиваат истраги за злоупотреба со лековите за болните од карцином. Како што е објавено во медиумите, некој од вработените во таа клиника вршел бизнис со скапите лекови кои се наменети за пациентите со тешки канцерогени заболувања.

Независно од судските одлуки, овие сомнежи зборуваат за тежок криминал во здравствените институции и претставуваат лоша вест за сите пациенти
кои нивното здравје го доверуваат на јавното здравје. За информација на јавноста, поради сомнежи дека таму имало злоупотреби, во време кога
АлтернАтивА управуваше со ресорот Здравство, преку министерот Беким Сали, отворивме истраги и побаравме ревизија, дури го разрешивме медицинскиот директор, но со наше излегување од владата, другиот дел веќе се знае.“, велат од Алтернатива и додаваат:

„Осудувајќи го тој чин во Клиниката за онкологија, АлтернАтивА повикува овој случај да не заврши од Јавното обвинителство исто како цинизмот со модуларната болница во Тетово, додека бараме поддршка и надзор и од нашите меѓународните пријатели, да го набљудуваат предметот, за да не се остава простор за познатите манипулации на Обвинителството на Јовевски.

Како и да е, ние ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата и ќе собираме податоци, но и да се бориме политички, со цел што побргу да ја урнеме
оваа толку корумпирана и немилосрдна влада за нејзините граѓани, бидејќи таа не е веќе штетна не само на политичка и економска смисла, туку и опасна по физичкиот живот на граѓаните.

Добра вест во оваа несреќа е дека изборите следат многу брзо, додека овој случај, и да биде прикриен од владините претставници, никогаш нема
да се заборави и ќе биде разгледан во првиот миг кога ќе бидеме во влада.“, стои во соопштението на Алтернатива.

04.09.2023 - 17:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега