Алтернатива: Нашата цел е да се формира Влада без ДУИ

Фатон Фазлиу од Алтернатива и испрати порака на Алијансата на Албанците. На фејсбук тој напиша дека кога ќе соберат 57 потписи четворицата пратеници на Алтернатива ќе бидат за пет минути во Собранието. Тој дополнува дека не би барале ниту министер, бидејќи, како што вели, целта е да се формира Влада без ДУИ. Се дотогаш ќе примаме критики само од нашите искрени другари од Алијансата на Албанците, кои се покажуваат како конструктивни, бидејќи знаат добро каква е реалноста. Не ги прифаќаме критиките од оние што самите си ги грабнуваат пратениците една ноќ пред да падне Владата“

Овој пост на социјалните мрежи од членот на Претседателството на Алтернатива е објавен во вторникот пред вчерашната средба на Заев со Гаши. Вчера доцна вечерта Алтернатива испрати соопштение во кое велат дека очекуваат да продолжи нивната соработка со Алијанса за Албанците и дека се надеваат на соработка со нив во некој од наредните изборни циклуси.

02.12.2021 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега