Алтернатива ја прифати поканата на Заев - Одлука ќе се носи во вторник на состанокот

Зекирија Ибрахими кажа дека ја прифатил поканата за средба со премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев. Во врска со тоа, каква ќе биде нивната одлука околу партијата да стане дел од парламентарното мнозинство, ќе се знае дури наредната недела.

Во изјава за Плусинфо, Ибрахими кажал дека состанок ќе има на 23 ноември, во вторник, со Централно претседателство на партијата, а после донесената одлука треба да помине и на партиско Собрание, кое се води како највисоко тело на Алтернатива.

– Ќе се воздржам да коментирам пред одлуката на Централното претседателство и на Собранието. Мојот став јас многу пати сум го изразувал на социјалните мрежи и може да се насети како размислувам во тој правец – вели Ибрахими.

16.11.2021 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега