Алтернатива Чаир: Новоформирана внатрепартиска комисија веќе ги разгледува нашите барања, откако Гаши не ни одговори

Денес откога е поминат рокот од 10 дена на нашата прес конференција којашто се одржа на 14ти од обој месец, ние група незадоволни членови на централниот комитет од огранокот Чаир на Алтернатива, задолжени сме да и се обратиме на јавноста поради коректноста и вистината како подоле:

Поради тоа што рокот од 10 дена на нашите барања адресирани кон претседателот и партијата до денес не се уважени, задолжени сме уште еднаш јавно да потенцираме дека не ретерираме од нашите барања објавени неколку недели, и со оваа ситуација веќе е запознаен и претседателот на партијата. Така да нашите легитимни барања очекуваме да се исполнат согласно статутот на партијата. Оваа порака ја испраќаат од огранокот Чаир на Алтернатива откако како што велат лидерот Африм Гаши не одговорил на нивните барања.

„Ја користиме приликата, додека сме во очекување на следните чекори од страна на претседателот Гаши, ја информираме јавноста дека нашите барања веќе ги разгледува новооформена внатрепартиска комисија - чија цел е да изнајде компромис помеѓу страните.

Од друга страна задолжени сме да го изразиме нашето убадување дека единствен начин за да се реши оваа ситуација, е комисијата кон која се надеваме дека деновиве ќе изнајде идеално решение за надминување на ситуацијата во полза на членството на Алтернатива како и за граѓаните“, се додава во нивната реакција.

25.11.2022 - 13:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега