Алсат: Алтернатива ги добива Здравство, Администрација и тројца заменици министри

Партиското тело на Алтернатива вечерва се очекува да расправа и за ресорите што Заев му ги понудил на Гаши, објавува Алсат повикувајќи се на неофицијални информации.

Станува збор за два ресори – Министерството за здравство, за Информатичко општество и Администрација, но и тројца заменици министри.

-Се шпекулира дека министер за здравство ќе биде партискиот секретар и поранешен кандидат за градоначалник на општина Чаир, Беким Сали. Гаши планира Министерството за информатичко општество и администрација да му го довери на огранокот на Алтернатива во Куманово. За имињата од вториот ешалон, неофицијално се очекува партијата на Гаши да го предложи Орхан Муртезани за директор на МЕПСО. Заев и Гаши досега одржаа три средби на кои разговараа за понудата и принципите за влез на Алтернатива во Владата. Но, по средбите Заев и Гаши не открија детали. На последниот состанок во Клубот на пратениците, Гаши кусо изјави дека има позитивен напредок во разговорите, пишува Алсат.

04.12.2021 - 15:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега