По пауза од цела деценија, македонскиот здравствен систем конечно се усогласува со светските стандарди. Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска промовираше ажурираната листа на есенцијални лекови, која првпат вклучува современи терапии за контрацепција и никотинска заменска терапија (фластери и гуми за џвакање).
Оваа листа е клучниот инструмент кој гарантира дека државата во секое време ќе ги има најкритичните лекови за јавното здравје, без оглед на нивната економска исплатливост.
„Нашата цел е листата да ги одразува современите стандарди. Со новиот закон, таа ќе се ажурира на секои две години, исто како и практиката на СЗО, за граѓаните секогаш да имаат пристап до најефективните терапии“, изјави министерот Алиу.


