Алими бесен и прозборе на македонски на Фетаи - „Ме повикавте како сведок, не осомничен"

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Алими, денеска без преведувач на албански јазик се налути на обвинителката Фатиме Фетаи  која побара неговиот исказ даден во СЈО да се прочита денеска во судница во Кривичниот суд. 

- „Јас во СЈО бев повикан како сведок, а не како осомничен. Не знаев дека ќе се злоупотреби мојата изјава. За да се заврши работата побрзо и поради обврски во Владата, дадов исказ да помогнам во истрагата, бидејќи сум невин, и си заминав“, рече револтиран Алими во судницата, пренесе СДК.МК.

Фетаи го потсети дека му посочила во какво својство бил викнат и оти има право на адвокат.

„Не сум бил воопшто таа вечер на која се однесува кривично-правниот настан и нема зошто да давам исказ или да се чита моја изјава“, зборуваше Алими.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.11.2019 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега