Алијанса за Албанците: Сочувство за семејствата, срам за властите

„Молитви за жртвите, сочувство за семејствата, срам за властите“, велат од Алијанса за Албанците во писмено соопштение испратено до медиумите.

„Денес, кога 45 жртви од трагедијата во Бугарија се испраќаат во вечниот дом, го молиме Бога да ги прифати овие души во својата милост и благосостојба, како и да им даде сила и трпение на нивните семејства со кои ја споделуваме болката. Воедно, изразуваме жалење за начинот на кој оние кои треба да одговараат и да дадат отчет за оваа трагедија, решија да ја продлабочат болката и да ја злоупотребат оваа трагедија со партиски и политички паради. Дрскоста на оваа власт, како и во трагедијата кај Ласкарци, Тетово и многу други, дојде до израз во овој трогателен случај“, се вели во соопштението.

„Роднините  на кои денес им гори душата, имаат потреба за вистината и правдата, а не за претстави и паради на министри, премиери и партиски лидери на кои не им е ни место таму“, додаваат од АА.

 
03.12.2021 - 14:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега