Алијанса за Албанците и Алтернатива: Спречувањето на протестот од страна на полицијата е противуставно, но и противзаконски

Спречувањето на вчерашниот протест од страна на полицијата е противуставно, но и противзаконско, велат од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива

„Во рамките на законот за одржување на јавни собири, во кои припаѓаат и протестите, поточно член 6 од Законот, децидно се вели кога и како може да се спречува протест. 

Вчерашниот протест беше потполно мирен и протест за право, а не обратно.

Исто така, средствата или употребата на оружје од полицијата беше спротивно со Законот за полиција, конкретно членовите 80-91, каде во член91 децидно се вели што смее да  користи полицајцијата кон учесниците во еден мирен протест. 

Вчера, полицијата на Оливер и на Буши беше наоружана со калашникови со пригушивач, автоматски пушки, снајперски пушки во разни објекти, но и блиндирани возила и пизгавери. 

 Со други зборови, Скопје вчера личеше на една воена зона од големиот број на полицајци спроти мирните протести, со намера на нивно спречување или прекинување на противзаконски начин.

Полицијата беше таа што фрлаше камен и ја криеше раката, со намера да ја провоцира толпата, а тоа може да се гледа и од видео-снимките на медиумите, а тоа зборува за претходно смислено сценарио од страна на полицијата на режимот Заев-Ахмети. 

Затоа денес сме тука, преку собраните слики и видеоа, да ви ги покажеме сцените на претходните режими и новиот режим, уште посуров од тој на Груевски. 

Оваа мобилизација на полицијата не беше ни на 27 април 2017 год., иако тогаш се работеше за терористички напад кон Собранието на Р. Северна Македонија. 

Од тука го прашуваме премиерот Заев, дали вие се сеќавате кога фрливте камења и други предмети кон државните институции и никој тогаш не ве спречуваше, дури вие палевте институции?

А денес токму вие спречувате мирен протест само затоа што учесничите беа Албанци. 

Ова зборува за вашата дволичност,за вашиот морал на измамник.  

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива бара итна ослободување на приведените и оставка од Министерот Спасовски и неговиот заменик Буши поради прекршување на законот за јавни собири, но и политичка одговорност од режимот Заев-Ахмети“, стои во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.02.2021 - 16:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа