Алијанса за Албанците: Црна Гора го ратификуваше протоколот за НАТО пред да биде ратификуван од сите други членки

Недостатокот на аргументи стана традиција за „fake news“ на премиерот на земјата, Зоран Заев. Не е прв пат тој да се оправда со лажните вести кои тој самиот ги шири, а потоа ја обвинува неговата служба за информации за лошо информирање, стои во денешното соопштение на Алијансата за Албанците.

„Во една изјава за медиуми, тој негира дека Црна Гора го ратификувала протоколот за членство во НАТО пред да биде ратификуван од сите други земји-членки на НАТО, па дури и го нарекува таквиот чин за неуставен.

Но, како што рече тој самиот, има документи кои ја докажуваат оваа практика што се случи во Црна Гора, што значи дека не постои правна пречка истото да се случи и кај нас.

Црна Гора го ратификуваше протоколот во април 2017 година, додека Германија, Холандија и Шпанија го ратификуваа во мај 2017 година.

Ова докажува дека единствената причина поради која премиерот негира дека има преседан за овој случај е можноста што тој со владејачката коалиција сакаат да ја создадат за одложување на изборите.

Алијанса за Албанците стои цврсто зад своето барање протоколот да биде ратификуван од страна на собранието во декември, така што на 12 април да можеме да одиме на предвремени избори“, стои во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.12.2019 - 16:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега