Алијанса: На местото на Албанците се вработуваат Македонци

 

Алијанса за Албанците обвинува дека на местото на Албанците во институциите се вработуваат Македонци. Од партијата велат дека документот кој го обезбедиле, јасно покажува дека во детската болница „23 Ноември“ во Скопје работните места за еден Албанец и еден Ром ги зазеле двајца Македонци, пренесува „Алсат“

Алијанса смета дека со ова, Министерството за администрација и информатичко општество направила злоупотреба на таканаречениот систем „Балансер“ кој има за цел да го среди проблемот со еднаквата застапеност на Албанците во институциите.

„На предвидените места според познатата метода „Балансер“ тие работни места биле предвидени за еден Албанец и еден Ром. Но, како Ром бил вработен Влатко Колчиновски, а како Албанец, Томислав Јанкуловски. Јас не сум слушнал досега некој Томислав Јанкуловски да биде Албанец. Ова е доказ кој покажува дека се манипулира со работните места и на тие места каде се предвидени да се вработат Албанци и припадници на другите заедници, реално се вработуваат Македонци“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.11.2019 - 19:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега