Алијанса и Алтернатива: Не можете да покривате луксузни автомобили со некои тротинети за вработените

Не можете да покривате луксузни автомобили со некои тротинети  за вработените, реагираат од Алијанса за Албанците и Алтернатива преку соопштение.

Од таму велат дека грдоста на ДУИ не може да биде покриена ниту со пудра, ниту со боја или ниту со лаги.

„Набавката на неколку тротинети  за вработените во Министерството за Надворешни Работи е само обид да се покрие луксузот на функционерите на ДУИ. Во пресрет на локалните избори, Бујар Османи сака да фрли пепел во очите на граѓаните, додека неговите сопартијци, градоначалниците на Дибра, Струга, директори на јавни претпријатија, како и на самата Влада, трошат милиони денари на скапи автомобили.    

Сега кога министерот не успеа во секоја област на одговорност и ја доведе нашата дипломатија и процесот на интеграција во состојба на колапс, време е залудно да направи ПР со тротинети  од 200 евра. Би сакале тој барем да ги купеше по пазарна цена, со оглед на неговото минато полно со коруптивни сомневања кога станува збор за јавните тендер“ стои во партиското соопштение.

 

25.07.2021 - 14:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега