Али Ахмети -Хашим Тачи: Граѓаните масовно да гласаат про НАТО и ЕУ

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, г. Али Ахмети, денес во Скопје го пречека  Претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.
 
Лидерот Ахмети и Претседателот Тачи разговараа за референдумот од 30 септември како и за случувањата во регионот, со посебен акцент на дијалогот помеѓу Република Косово и Србија.
 
Ахмети го запозна Претседателот Тачи со одвивањето на кампањата за референдумот подвлекувајќи ја големата важност од успешната реализација на Договорот од Преспа. 
 
Ахмети и Претседателот Тачи се согласија дека Албанците и воопшто сите граѓани на Македонија  треба масивно да излезат и да гласаат ПРО НАТО и ЕУ. 
 
Соговорниците заклучија дека единствената иднина за земјите од Западен Балкан, која обезбедува одржлив мир, безбедност и стабилност, е евроатланската интеграција. 
 
Г. Ахмети целосно ги подржува интензивните напори на институциите  на Косово со меѓународна помош за конечно решение на дијалогот со Белград во врска со демаркацијата на границата. 
 
Време е за целосна интеграција на Југоисточна Европа во НАТО и ЕУ.
 

 

 

12.09.2018 - 14:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега