Александрова: Не сме го снимале Заев, ние не функционираме на таков начин

Адуио-бомбата која пратеникот Антонио Милошоски ја објави вчера на прес-конференција, а на која се слуша поранешниот премиер Зоран Заев како зборува дека има влијание врз донесувањето одлуки во судството не била снимена од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. Пратеничката Емилија Александрова во изјава за „Локално“ истакна дека нивната цел никогаш не била да снимаат политичари и дека пратеничката група искрено влегла во сите процеси.

„Независните пратеници остварувале средба со сите и со Зоран Заев и со Христијан Мицкоски, со многу амбасадори, со претставници од меѓународниот фактор, а основна цел била да се донесат закони кои ќе бидат за добробит на државата. Ние бевме и во работна група за ДКСК, како и за законите за одбрана. Сме учествувале во многу работни групи, но ние влеговме искрено во процесите. Ние правевме позитивен притисок да се донесат позитивните закони. Ние не функционираме на таков начин“, рече Александрова за „Локално“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.02.2020 - 14:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега