Општинската изборна комисија денес официјално му го врачи уверението за избор на Александар Стојкоски за градоначалник на општина Ѓорче Петров, со што и формално започна неговиот втор четиригодишен мандат.
Со новиот мандат, Стојкоски добива нова можност да го продолжи континуитетот на развојот во Ѓорче Петров. Градоначалникот најави уште посилен интензитет на работа, реализација на капитални инвестиции и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.
-Денешното уверение е потврда за довербата што граѓаните на Ѓорче Петров ми ја дадоа, но и обврска да продолжам уште поодговорно, со уште повеќе работа и резултати. Благодарен сум за секоја поддршка, за секој граѓанин што препозна искреност, посветеност и конкретни дела. Ѓорче го менуваме таму каде што никој не се осмелил да работи со години. Во наредниот период, продолжуваме со нови проекти, инвестиции во инфраструктура, образование, спорт и животна средина и се со една цел – Ѓорче Петров да биде најпосакувано место за живеење во Скопје – изјави градоначалникот Стојкоски.
Тој нагласи дека довербата што ја добил од граѓаните е најсилна потврда дека општината се движи во вистинска насока. Тимот на Општина Ѓорче Петров, како што додаде, ќе продолжи да работи во духот на транспарентност, отчетност и европски стандарди во локалното управување.
Актуелно
- Моника Левински денес изгледа подобро од пред 30 години
- Цеца Ражњатовиќ реагираше за скандалот со бугарското знаме во Велес
- Свини негира дека правeла пластична операција: Не можам ни да поднесам игли
- Фон дер Лајен: Украина нема да биде сама оваа зима
- Претседателката за објавата на Фон дер Лајен: На средбата кај мене не стана збор ниту за топка, ниту за двор
- Силјановска-Давкова: Време е за ограничување на мандатите на градоначалниците – власт мора да ограничува власт
- Косово забрани хиџаб во училиштата
- Џенифер Анистон има дечко

