Општинската изборна комисија денес официјално му го врачи уверението за избор на Александар Стојкоски за градоначалник на општина Ѓорче Петров, со што и формално започна неговиот втор четиригодишен мандат.
Со новиот мандат, Стојкоски добива нова можност да го продолжи континуитетот на развојот во Ѓорче Петров. Градоначалникот најави уште посилен интензитет на работа, реализација на капитални инвестиции и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.
-Денешното уверение е потврда за довербата што граѓаните на Ѓорче Петров ми ја дадоа, но и обврска да продолжам уште поодговорно, со уште повеќе работа и резултати. Благодарен сум за секоја поддршка, за секој граѓанин што препозна искреност, посветеност и конкретни дела. Ѓорче го менуваме таму каде што никој не се осмелил да работи со години. Во наредниот период, продолжуваме со нови проекти, инвестиции во инфраструктура, образование, спорт и животна средина и се со една цел – Ѓорче Петров да биде најпосакувано место за живеење во Скопје – изјави градоначалникот Стојкоски.
Тој нагласи дека довербата што ја добил од граѓаните е најсилна потврда дека општината се движи во вистинска насока. Тимот на Општина Ѓорче Петров, како што додаде, ќе продолжи да работи во духот на транспарентност, отчетност и европски стандарди во локалното управување.
Актуелно
- Смртоносна лавина во Непал – исчезнати осум алпинисти, меѓу нив и странци
- Еден на листата одби да биде пратеник – еве кој
- „Ауди“ излета од патот, повредни две млади лица
- ДИК ги утврди новите пратеници: Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов влегуваат во Собранието
- Пронајден и уапсен возачот кој усмрти велосипедист на бул. „Гоце Делчев“, познат неговиот идентитет
- Мицкоски утре во Брисел на Самит за проширување на ЕУ во организација на Еуроњуз
- ОБСЕ/ОДИХР за вториот круг: Кампањата конкурентна, но не сите кандидати имаа еднакви услови
- Тројца турски државјани уапсени кај Богородица: Фатени како пренесуваат мигрант преку граница

