Александар Ристески од Скопје го фати светиот крст во осветените води на Радика

Алксандар Ристевски од Скопје го фати светиот крст во Радика, што беше положен по повод денешниот голем христијански празник Богојавление – Водици.

Осветениот крст во водите на река Радика го положи архимандрит Партениј, игумен на Бигорскиот манастир, а по него се фрлија над 120 лица од речиси сите делови на земјата.

– Бог се јави. Пресреќен сум. Посакувам многу здравје, среќа и радост на сите и благосостојба во државава, порача Ристевски.

На традиционалното скокање по крстот, како  секогаш заедно со верниците беа  и претставници на локалната власт на Општина Маврово и Ростуше, при што градоначалникот Медат Куртовски на среќниот Ристевски му подари телевизор.

Пред положувањето на светиот крст беше одржана света литургија во црквата „Пресвета Богородица“ во селото Ростуше, од страна на братството на Бигорскиот манастир, а на која присуствуваа и сестрите од манастирот „Свети Георгиј Победоносец“.

На литургијата присуствуваа стотици верници од подрачјето на Река и други градови од земјава, кои учествуваа и на тржествената литија која тргна од црквата се до Ростушкиот Мост на река Радика.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.01.2020 - 15:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега