Александар Николоски денеска оствари посета и неколку средби во Ватикан

Во рамки на работната посета на Рим и Ватикан денес остварив посета и средби во Ватикан, како дел од делегацијата на Центристичката Демократска Интернационала која имаше прием во Ватикан. При тоа ја посетив црквата Св. Петар и имав аудиенција кај Кардиналот Пијетро Паролини, државен секретар на Ватикан, пишува потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Николоски на својот ФБ профил.

-Со Кардиналот Паролини, кој е прв човек на политичките и државни операции на Ватикан, разговаравме за односите помеѓу партиите со десничарска и христијан демократска ориентација и Ватикан при што беа потврдени односите на највисоко ниво. Во свет кој е нападнат од левичарскиот поглед на светот, задржувањето на традиционалното семејство, слободата на економијата, борбата со пороците на модерниот свет се приоритет, додава Николоски.

-Во рамки на посетата на Ватикан и средбата со Кардиналот Паролини, државниот секретар на Ватикан го информирав за состојбите во Македонија, потфрлањето на Владата на сите полиња особено во делот на растечката корупција, назадувањето на економијата, нарушениот систем на владеење на правото. Ја истакнав и потребата од брзи предвремени избори по кои стручен тим на ВМРО-ДПМНЕ би ја водел Владата и би ја отворил перспективата на Македонија за брз економски раст и стабилен политички систем со силна борба против корупцијата и криминалот. Беше заклучено дека граѓаните не смеат да бидат жртви на неуспесите на Заев и Македонија заслужува да почне преговори со ЕУ, дополнува потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.10.2019 - 14:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега