Aлек Болдвин уби жена среде снимање на филм

Огнено оружје истрелано од ветеранот актер Алек Болдвин, кој глуми и продуцира вестерн, ја усмрти директорката на фотографија и го рани режисерот на филмот во четвртокот, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Санта Фе, Ново Мексико.

Службеници на канцеларијата на шерифот изјавија дека Халина Хачинс, директорка на фотографија за филмот Rust („Рѓа“) и режисерот Џоел Соуза се здобиле со прострелни рани, за жал, кај Хачинс фатални.

Хачинс (42) со хеликоптер била пренесена во болницата на Универзитетот во Ново Мексико, каде што била прогласена за мртва од медицинскиот персонал, соопштија властите.

Соуза (48) со возило на брза помош бил пренесен во регионалниот медицински центар „Кристус Винсент“, каде што се лекува од повредите.

 

Портпаролот на Болдвин (68) рече дека несреќата се случила за време на снимање сцена од престојниот филм и дека била предизвикана од погрешно пукање на реквизитен пиштол.

22.10.2021 - 09:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа