Албанскиот министер за надворешни работи во посета на Македонија

Министерот за надворешни работи Бујар Османи  денеска ќе има  билатерална средба со овластениот министер за Европа и надворешни работи на Република Албанија Гент Цакај, кој ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.

Како што соопшти МНР, главни теми на средбата се очекува да бидат соработката меѓу Северна Македонија и Албанија во остварувањето на заедничките стратешки цели за членство во Европската унија, состојбата со билатералните односи и можностите за понатамошната соработка и нивно унапредување, соработката во НАТО, состојбите со актуелната глобална здравствена криза и други прашања од заеднички интерес и значајни за нашиот Регион.

За време на официјалната посета, министерот Цакај ќе биде примен и од претседателот на Собранието  Талат Џафери, од претседателот на Владата на Зоран Заев и од други високи претставници на државата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.09.2020 - 08:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега