Албански медиуми: Незадоволство во ДУИ од проширувањето во Владата

Иако владее молк, во внатрешноста на Демократската унија за интеграција постои незадоволство поради влегувањето на движењето БЕСА, на Африм Гаши и ДПА во Владата, пишува агенцијата ИНА.

Незадоволствоо е предизвикано поради тоа што БЕСА за време на локалните избори најмногу ја напаѓаше ДУИ.

„Според некои неофицијални информации за ова проширување на владината коалиција имало сериозно негодување на партиските форуми, но последната одлука ја донесе претседателот Али Ахмети. Тој ги толкуваше новосоздадените околности за проиширување на Владата со цел да се создаде стабилност во рамки на парламентарното мнозинство“, велат за ИНА партиски извори од ДУИ.

Според истите извори, двете нови партии во Владата нема да имаат никаква релевантност ако се знае дека кормилото во Владата цврсто го држат СДСМ и ДУИ како основни носители на владината коалиција.

 

 

 

 

 

17.05.2018 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа