Албански државјанин со тешки повреди донесен во болница во Тетово

Албански државјанин се здобил со тешки телесни повреди откако изведувал градежни работи во Тетово.

- На 09.11.2020 во 14:50 часот во СВР Тетово било пријавено дека, додека изведувал градежни работи во помошна просторија во гостиварски Равен, сопственост на 55-годишниот Ш.А. од ова село, 36-годишниот С.Г. од Република Албанија се здобил со тешки телесни повреди. Тој бил пренесен во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар и се преземаат мерки за расчистување на случајот - информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.11.2020 - 17:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа