Албанка од Косово обвинета за тероризам: Ѝ го убиле сопругот во Сирија, се омажила за друг борец на ИД

Обвинители од Приштина покренале обвинение за тероризам против една Албанка, која наводно се приклучила на терористичката група Исламска држава во Сирија.

Во соопштението на канцеларијата на специјалното обвинителство се вели дека осомничената е идентификувана како Х.К., а на почетокот на 2014. година го напуштила Косово за да му се придружи на својот сопруг, кој бил борец во Исламска Држава.

Таа отишла во Истанбул од каде преминала во Сирија и се приклучила на таа терористичка група.

Откако нејзиниот сопруг бил убиен во судирите, таа се омажила за друг борец на терористичката организација и продолжила да живее со групата.

Од ИД добивала редовна месечна плата и според снимките на телефонските повици, доброволно ги промовирала терористичките напади.

Х.К. е обвинета за организирање и членство во терористичка група и ѝ се заканува казна до 15 години затвор, доколку биде осудена.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.02.2020 - 19:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега