Албанија: Сите што се вакцинирани со кинески и руски вакцини ќе добијат сертификат

Албанската министерка за здравство Огерта Манастирлиу изјави денеска дека сите граѓани кои примиле вакцина против коронавирус на руски и кинески производители, ќе добијат потврда за вакцинација.

Таа рече дека, и покрај фактот што ЕУ сè уште не ги одобрила вакцините, граѓаните нема да трпат последици поради тоа, пренесува порталот „Егзит“.

Според неа, дури и ако се воведат т.н. ковид- пасоши, граѓаните кои примиле руска или кинеска вакцина нема да бидат дискриминирани.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.04.2021 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега