Албанија: Најмногу новозаразени, но и оздравени во едно деноноќие досега

 

Во последното деноноќие во Албанија регистран е нов негативен рекорд на новозаразени со Ковид-19, но и највисока бројка на оздравени.

-Во изминатите 24 часа Ковид-19 е дијагностициран кај 140 лица, што е највисока бројка досега, од кои половина се во Тирана. Во исто време битката со опасниот вирус ја добија 101, што, исто така, е највисока бројка на оздравени досега во едно деноноќие. За жал битката со опасниот вирус ја загубија петмина пациенти, стои во соопштението на Министертвото за здравство и социјална заштита.

Се додава дека до сега во земјата се направени 47.051 тест(со последните 603), позитивни на вирусот биле 6.676, закрепнале 3.480 а починале 205 пациенти. Активни на болеста се 2.991 лице.

По низата дневни рекордни бројки на новозаразени со Ковид-19 во земјата и не мал број починати, албанскиот претседартел Илир Мета побара што поитно да се почне со лекување на болните со крвна плазма од лица кои ја прележале болеста.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.08.2020 - 18:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа