Албанија: Над 8.000 илегални мигранти за девет месеци, 20 отсто побарале азил

Според официјални податоци на Дирекција на албанската гранична полиција, од јануари до септември оваа година биле откриени 8.100 илегални имигранти во земјата или 3.000 повеќе во споредба со истиот период лани.

 

Од вкупниот број, околу 20 отсто или 2.300 мигранти доставиле барање за азил, но албанските надлежни органи разгледале само 1.250 од нив, при тоа згрижувајќи ги во прифатниот центар за баратели на азил во Бабру. Мигрантите главно доаѓаат од земји на Блискиот Исток.

Последните недели полицијата секојдневно информира за апсење на лица кои криумчарат и превезуваат илегални имигранти. Последен таков случај е регистриран денеска во Корча каде беа уапсени пет албански граѓани кои беа затекнати при транспорт на 25 илегални имигранти.

Од неодамна, шверцерите на мигранти, покрај луксузни возила со затемнети прозорци, користат и изнајмени автомобили. За 300 до 500 евра по човек, мигрантите, кои илегално ја минуваат грчко-албанската граница, патот кон западно европските земји најчесто се обидуваат да го продолжат преку Косово.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.10.2020 - 20:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега