Албанија и Косово ги подржаа нападите врз Сирија предводени од САД

 

Албанија и Косово застанаа зад воздушнте напади врз Сирија што ги изведоа САД, Велика Британија и  Франција.

Во реакцијата на претседателот на Албанија Илир Мета стои дека Албанија е на страната на западните сојузници.

– Ја подржуваме воената интервенција на САД, Францја и Британија врз хемискиот арсенал на криминалниот режим на Асад. Ние сме на страната на нашите сојузници и ја подржуваме одлучноста на претседателот Трамп во заштитата на човечките животи  и човековите права, стои во реакцијата на Мета.

Подршка даде и Владата во Тирана преку Министерството за надворешни работи а не изостана ни поддршка за нападите  од опозициската Демократска партија, која ги смета за целосно легитимни.

На иста линија со Албанија се и косовските институции и политичките партии.

– Косово ја подржува интервенцијата на евоатланските сојузници за да се спречи режимот на Асад во Сирија. Хемските напади врз невините цивили се неправедни, а обидот на демократските земји да воспостават мир во оваа земја е неопходна активност, смета косовскиот премиер Рамуш Харадинај.

Косовските медуми наведуваат дека во нападите се користени идентични бомби како и при нападите што во 1999 година ги изврши НАТО врз Србија.

 

 

 

15.04.2018 - 11:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега