Алармантно предупредување на СЗО, вирусот не запира - најголем дневен пораст од почетокот на пандемијата

Светската здравствена организација во неделата соопшти дека во светот од коронавирус се заразиле повеќе од 307.930 луѓе, што е најголем дневен пораст на бројот на заболени од почетокот на пандемијата, јавува Ројтерс.

Бројот на починатите од 5.537 се зголеми на 917.417.

Претходен најголем број на заразени дневно бил пријавен на 6. септември, кога биле регистрирани 306.857 лица заразени од коронавирус.

Најголем број на заразени и понатаму има во Индија, САД и Бразил.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.09.2020 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега