Алармантна ситуацијата во Србија - повторно висок број заразени

Според најновите податоци што ги пренесуваат српските медиуми, во Србија денеска се евидентирани 5.305 нови случаи на коронавирус од 17.208 направени тестови.

Регистрирани се и 29 смртни случаи во текот на изминатото деноноќие.

Во болниците има 228 пациенти, кои се на респиратори, од вкупно 5.277 хоспитализирани поради компликации од Ковид-19.

Во Белград заклучно со вчера вакцинирани се 402.521 лице, односно 28,65 проценти од возрасната популација, а ревакцинирани се 243.065 граѓани или 17,3 проценти од возрасните жители.

Епидемиологот и член на кризниот штаб, Бранислав Тодоровиќ, вели дека од понеделник училиштата, најверојатно, ќе останат отворени за учениците од пониските одделенија во основното образование.

Според него, основците од повисоките одделенија и средношколците ќе продолжат да ја следат наставата од далечина, преку интернет.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.03.2021 - 16:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега