Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) алармира за нагло ширење на грипот во Македонија. Само во втората недела од јануари се регистрирани дури 2.322 нови случаи, што е пораст од речиси 35% во споредба со претходната недела. Бројките се за загрижувачки 40% повисоки од просекот во последните 15 години.

За жал, регистриран е и првиот смртен случај поврзан со грип оваа сезона – станува збор за 75-годишна скопјанка со претходни здравствени проблеми, која не била вакцинирана.

Вирусот моментално е во фаза на „средна активност“, а најмногу заболени има во Скопје, Тетово и Куманово. Сепак, епидемиолозите предупредуваат дека вистинскиот врв на сезоната допрва доаѓа и се очекува меѓу средината на јануари и февруари.

Exit mobile version