АМСМ упатува сериозно предупредување до возачите поради појава на густа магла која значително ја отежнува видливоста на неколку патни правци низ државата. Најкритична е состојбата на патот Дебар – Струга, каде видливоста е намалена на само 30 метри.

Густа магла има и на следните правци:

  • с. Гајре – Попова Шапка: видливост од 25 до 30 метри;
  • Тетово – Гостивар: видливост од 100 до 150 метри.

Сообраќајот на останатите патишта се одвива по претежно влажни коловози со умерен интензитет. На граничните премини во моментов нема подолги задржувања.

Exit mobile version