Активистката на „Животите на црнците се важни“ пронајдена мртва: Објавила дека ја злоставуваат, па исчезнала (ВИДЕО)

Активистката на „Полицијата од градот Талахаси ја истражува смртта на активистката на движењето "Black Lives Matter" (Животите на црнците се важни), чие тело е пронајдено само неколку дена откако беше пријавено нејзиното исчезнување.

Олуватојин Салау и Викторија Симс вчера биле пронајдени мртви - властите не објавија премногу детали во врска со овој случај, но познато е дека случајот се истражува како убиство и веќе е приведено едно лице.

Салау на 6-ти јуни објави низа на Твитови во кои тврдеше дека била сексуално злоставувана, а потоа ѝ исчезна секоја трага се до саботата кога беше пронајдено нејзиното безживотно тело.

Салау на Твитер напиша дека тоа утро ја малтретирал маж на раскрсницата на Парк Авенија. Таа откри дека за тоа ја известила и полицијата, а засега не е познато дали уапсениот Арон Гил е поврзан со силувањето или нејзиното убиство.

Инаку, Салау беше активистка на движењето "Black Lives Matter" и говореше на протестите во Талахаси во американската сојузна држава Флорида.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.06.2020 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега