Актерката за последните денови: Ми кажаа да се подготвам за смртта

Речиси една година откако и беше дијагностицирана мултипла склероза, актерката Селма Блер изјави дека и снемало опции да ја ублажи болката и физичките потешкотии поради состојбата во која се наоѓа.

– Средствата за ублажување на симптомите не ми помогнаа и јас се чувствувам се полошо и полошо – изјави таа на панелот за здравје во Њујорк кој го организираше „Time100“.

Во потрага по опции препорачано и е пресадување на матични клетки, но и агресивна хемотерапија со цел нејзините клетки да се обноват.

– Кажав дека не сакам да го правам тоа, бидејќи не сакам да го уништам своето тело. Зошто во своето тело да ја внесувам таа ужасна дрога, хемотерапијата? Па немам рак, изјави Блер, која сепак подоцна прими помала доза на хемотерапија пред да и бидат пресадени матични клетки.

Таа додаде дека веднаш почувствувала олеснување.

– Докторите ми рекоа да правам планови за мојата смрт. Го пренесов тоа на својот син, кој кажа дека сака да ме кремираат, изјави актерката.

Таа порача дека сега чека да и порасне косата која и опадна поради хемотерапијата, но дека тоа што ја нема, не и пречи многу.

– Важно ми е само што подолго да сум покрај својот син, заклучи таа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.10.2019 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега