Актерката се венчаше во тајност, но очекува и принова! (ФОТО)

 

Во декември минатата година, холивудската актерка потврди дека по две години врска се верила со нејзиниот партнер, поранешен продуцент на популарната емисија „Saturday Night Live“ Дејвид Мекари, а парот сега го легализирал бракот во најголема тајност, само неколку месеци пред им се роди првото дете.

Откако папараците ги забележаа 31-годишната Ема Стоун и четири годишни постариот Дејвид Мекари како носат идентични златни прстени на раката, извор близок до парот потврдил за „Page Six“ дека конечно ја легализирале нивната тригодишна врска во тајност.

Но, на фотографиите не беа откриени само венчалните прстени, туку и трудничкиот стомак кој Ема Стоун се обиде да го скрие зад трегерите.

Поранешниот продуцент на популарната емисија „Saturday Night Livе“, Дејвид Мекари ја запроси својата девојка уште во декември минатата година и се пофали со тоа на својот профил на Инстаграм, а датумот на венчавката првично беше закажан за март. Но, поради пандемијата на коронавирусот беше одложена.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.09.2020 - 21:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега