Актерката од „Истанбулската невеста“ доживеала љубовно понижување - вереникот ја оставил и избегал во Мајами

 Љубовни драми достојни за холивудските филмови им се случуваат и на славните и богатите, а низ вистинска драма поминала и познатата актерка Асли Енвер, која ја гледаме во серијата „Истанбулска невеста“ на Сител телевизија.

Убавата бринета, минатата година поминала како боса низ трње, а за тоа бил виновен мажот кој го сакала.

Имено, Асли повеќе од три години била во врска со музичарот Мурат Боз кој нагло и без никаква причина еденоставно ја оставил во моментот кога веќе планирале брак.

Нејзиниот неодлучен вереник како изговор го понудил фактот дека се уште не е подготвен за брак, а тогаш и го променил и бројот на телефон и буквална избегал во Мајами. Актерката останала со скршено срце, а единствено што можела е да се отсели од заедничкиот стан.

Непосредно после раскинувањето, Мурат во едно интервју истакнал дека не се покајал поради своите одлуки, но се испоставило дека не е баш така.

Музичарот многу брзо почнал да работи на тоа Асли да му се врати во прегратки, а таа и покрај се му дала уште една можност. Во Турција се шпекулира дека за ова најзаслужни се нивните блиски пријатели.

„Вистина е дека се смиривме. Тоа веќе го знаете, затоа што почнавме да се следиме на социјалните мрежи“, кратко таа искоментирала за медиумите.

Инаку актерката зад себе веќе има еден брак и тоа со својот колега Биркан Сокулум.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Asli Enver (@aslienver) on May 20, 2018 at 1:52pm PDT

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.02.2020 - 10:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега