Актерката и мис на светот заврши во болница поради ковид-19

Боливудската ѕвезда и поранешна мис на светот Аишварија Раи Бахчан, која беше позитивна на тестот за ковид-19, е пренесена во приватна болница во Мумбаи заедно со нејзината осумгодишна ќерка.

Аишварија Раи (46) и нејзината ќерка Арадија биле во изолација во нивниот дом, но биле примени во болница поради тешкотии во дишењето, пишува дневниот весник „Тајмс оф Индија“.

– Тие се добро – рекол извор од болницата.

Свекорот на Раи, индиската филмска легенда Амитаб Бахчан (77) и нејзиниот сопруг Абишек Бахчан (44), исто така, највлијателни актери на Боливуд, биле примени во врвната приватна болница „Нанавати“ во Мумбаи на почетокот од оваа недела.

Аишварија Раи беше мис на светот во 1984 година, а филмската кариера ја започна во 1990 година. Денес, таа е лице на многу мултинационални козметички компании. Аишварија редовно се појавува на листите на најубави жени на светот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.07.2020 - 19:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега