Ако нема договор- партиите подготвени за нови избори?

Телефонските повици на лидерот на ДУИ Али Ахмети до останатите лидери на партии од албанскиот блол имале за цел да ја тестираат лојалноста кпн Албанската декларација потпишана во јануари 2017та по парламентарните избори од 2016та. Но во разговорите со Алијансата за Албанците на Ахмети му било поставено тешко прашање- зошто Зијадин Села не би бил прифатливо решение за прв Албанец премиер?, брифираат извори од партиите.
Овој предлог ја отворил дилемата- кој предлог би бил поприфатлив за партиите од македонскиот блок? Извори за Пресс24 брифираат дека ако партиите не постигнат договор, постои и опција за одржување на нови избори.
Со оглед на состојбата со корона вирусот, ова е најмалку посакувано сценарио за граѓаните на кои им беше кажано дека брзите избори се со цел брзо формирање на стабилна влада која ќе се фокусира на здравствената состојба и економските предизвици. Сепак пост- изборното однесување на партиите не ветува брзо формирање на влада, па во јавноста се отвори дилемата- за какво сценарио се подготвуваат по тесниот изборен резултат?
 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.07.2020 - 21:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа