Акику: Скопје ќе биде првиот град со 5Г мрежа

Скопје ќе биде првиот град во Македонија кој ќе ја користи 5Г мрежата, откри денеска директорот на АЕК, Јетон Акику во гостувањето на „Утрински брифинг“.

Зборувајќи за моменталната состојба на брзината на интернет во државата, Акику вели дека половина од државата има брз интернет.

-Просечна брзина за фиксен интеренет т.е кабловски интернет не постои, туку ги земаме за споредба податоците од договорите што ги потпишуваат граѓаните. Приближно 24% од домаќинстватата во Македонија имаат склучено договор за 20 до 30 МБ во секунда и 21% од домаќинствата имаат склучено договор помеѓу 50 и 100 МБ, вели Акику, додавајќи дека по Правнилникот, операторот не смее да дозволи брзината да падне на 50 отсто од рекламираната.

28.09.2021 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега